Директорот на ЈП „Пазаришта“ Куманово поднесе оставка
- Гзим Кадриу поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово. Оставката ја објави на социјалните мрежи, укажувајќи дека мандатот му истекува во ноември 2027 година. Кадриу, инаку е потпретседател на Алијансата на Албанците.
Куманово, 7 јули 2025 (МИА) - Гзим Кадриу поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово. Оставката ја објави на социјалните мрежи, укажувајќи дека мандатот му истекува во ноември 2027 година. Кадриу, инаку е потпретседател на Алијансата на Албанците.
Во оставката наведува дека работел транспарентно, отчетно, успеал да заштеди средства на претпријатието.
-Се чувствувам горд на мојата работа во овој период, како директор што дејствував достоинствено, професионално, отчетно, со финансиска транспарентност, без никаква злоупотреба и без ниту еден случај на корупција, стои меѓу другото во оставката.
Кадриу на последната редовна седница на Советот го презентираше тримесечниот финансиски извештај на ЈП „Пазаришта“, кој покажа загуба од 1.300.000 денари, која според директорот е резултат на зголемувањето на платите, но и поради неподдршката на властите на работата на претпријатијата. Во оставката наведува дека не користел службен телефон, репрезентации и друго и ги повика останатите директори и носители на јавни функции да го следат неговиот пример. ам/дма/
Фото: МИА архива