• понеделник, 23 декември 2024

Директорот на Царинска управа Николовски од Тирана: Ги унапредуваме капацитетите за брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми и фаќање на криминалците

Директорот на Царинска управа Николовски од Тирана: Ги унапредуваме капацитетите за брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми и фаќање на криминалците

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Се зајакнуваат капацитетите и надлежностите на Граничната меѓуагенциска единица на царинските и полициските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при што единицата ќе делува и на аеродромот во Охрид. Борбата со организираниот криминал бара ефикасен и брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми во Југоисточна Европа. Ние мора да возвратиме посилно и со здружени сили кон секој обид за криминал.

Ова го истакнал директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на првиот регионален состанок на Управувачкиот комитет за Фаза 2 на „Програмата за промовирање на владеење на правотo и добро владеење, преку спроведување на мерки за гранична контрола на пристаништа и аеродроми за Југоисточна Европа“, како заедничка активност на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, што се одржува во Тирана.

Како што денеска соопштија од Царинската управа, на регионалниот состанок во Тирана присуствувал и заменик директорот Гарип Каба.

На овој прв регионален состанок, организиран под покровителство на ЕУ, СЦО, УНОДЦ, учествувале директори на царински управи и гранични полиции на земји од Југоисточна Европа, претставници на Европската Комисија, Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и Светската царинска организација. 

- Граничните меѓуагенциски единици добиваат и разменуваат разузнавачки информации во реално време, што резултира со ефикасни акции и фаќање на сторителите. Истовремено, соработката на меѓународно ниво и поддршката која ја добиваме од ЕУ, Канцеларијата на Обединетите нации, Светската царинска организација, Интерпол и други организации, допринесува кон заедничка и систематска борба против организираниот криминал и подобрување на безбедноста на глобално ниво, истакнал Николовски, се подвлекува во соопштението.

Целта на Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН е сузбивање на организираниот криминал и криумчарење на забранети супстанци како и спречување тероризам преку ефективен и координиран одговор на царинските и полициските службеници преку воспоставување единици на граничните премини на меѓународните аеродроми и пристаништата во Југоисточна Европа. цр/дма/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан