• петок, 05 декември 2025

Директорот на турското разузнавање се сретна со претставници на Хамас

Директорот на турското разузнавање се сретна со претставници на Хамас

Истанбул, 5 ноември 2025 (МИА) – Директорот на турското разузнавање МИТ, Ибрахим Калин во Истанбул се сретна со делегација на Бирото за политички преговори на исламистичката групација Хамас, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

За време на средбата, делегацијата на Хамас ѝ се заблагодарила на Турција за нејзината улога како гарант на Договорот за прекин на огнот, за нејзините напори како посредник во преговорите, како и за надгледувањето на тој процес од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Делегацијата уште еднаш потврдила дека Хамас останува посветен на Договорот за прекин на огнот, и покрај наводните прекршувања од страна на Израел.

За време на средбата, учесниците разговараа за неопходните чекори за напредок на процесот за прекин на огнот и како ќе се надминат постоечките проблеми. Тие ги претставиле и своите визии како да продолжи процесот на примена на следната фаза од Планот.

Турција претстави информации за испратената хуманитарна помош и за нејзините напори да ѝ се стави крај на човечката трагедија во Газа. Беа разгледани и активностите со меѓународните организации за обезбедување пристап на поголеми количества хуманитарна помош, информира телевизијата. јт/

Остани поврзан