• петок, 08 ноември 2024

Директорот на КОВЗ, Сотировски во посета на Бигорски

Директорот на КОВЗ, Сотировски во посета на Бигорски
Дебар, 2 јануари 2021 (МИА) – Во пресрет на божикните празнувања, во посета на светата бигорска Обител престојувал директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, информираше отец Кирил. - Беше срдечно примен на средба со нашиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј. Директорот и нашиот старец разговараа за повеќе црковни теми, како и за неодамнешната промоција на книгата за архиепископот - Возобновител, блаженоупокоениот Доситеј, рече отецот. Станало збор и за средбата со вселенскиот патријарх Вартоломеј, во Фанар седиштето на Вселенската патријаршија на владиката Партениј и монасите и монахињите од манастирите Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино, кои се под негово духовно раководство - Нашот старец пренесе дека на овој величествен прием, што се случи во средината на минатиот месец, Вселенскиот патријарх уште еднаш ја покажа својата огромна љубов кон Црквата Божја, како вистински татко на православните. Тој исто така изрази голема почит кон нашиот духовен татко и старец, кој имаше посебно обраќање кон неговата Сесветост, посочува отец Кирил. Според него, соговорниците г. Партениј и Сотировски исто така си посакале убави и радосни празнувања во претстојниот период. вт/оџ/  

Остани поврзан