• четврток, 07 ноември 2024

Директорот на БЈБ Тасевски на конференција на шефови на полиции во САД

Директорот на БЈБ Тасевски на конференција на шефови на полиции во САД
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Во период од 15 до 18 октомври  директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и помошникот министер за обука Суза Тасевска на покана на ИЦИТАП присуствуваа на овогодинешната конференција за шефови на полиции во организација на Меѓународната асоцијацијата на шефови на полиции – IACP, информираат од МВР. Програмата на конференцијата имала два основни столба, првиот добросостојбата на полицискиот службеник, а другиот зголемувањето на бројот на жени лидери во полицијата.Македонската делегација, предводена учествувала и присуствувала на неколку работилници и предавања, како и на сесија на Генералното собрание на асоцијацијата, каде се обратил и главниот јавен обвинител на САД,  Мерик Гарланд, а преку видео линк и претседателот на САД, Џо Бајден.На генералното собрание биле прогласени најдобриот полицаец од САД за 2022 година и уште 22 полициски службеници кои во текот на годината покажале исклучителни резултати во својата работа. -На маргините на конференцијата, во организација на главната канцеларија на ИЦИТАП се оствари и средба помеѓу помошникот главен јавен обвинител Кенет Полајт и странските делегации. На оваа средба директорот Тасевски се заблагодари за исклучителната поддршка што ИЦИТАП ја дава на македонската полиција во изминатите 20 години. Особено важно е што македонската полиција се развива во правец на грижа за добросостојбата на полициските службеници, спроведена преку програмата Сина храброст на ИЦИТАП, во правец кој е идентификуван и од самата асоцијација како неопходна инвестиција за подобрување на менталното здравје на полицискиот службеник и неговото семејство, се вели во соопштението од МВР. На  крајот на оваа средба, во присуство на помошникот главен јавен обвинител Кенет Полајт и Грегори Дукот, извршен директор на ИЦИТАП, директорот Тасевски му врачил признание на полициското аташе во Република Северна Македонија Карл Ришхајм и му се заблагодарил за досегашната поддршка и воведувањето на клучните проекти. сст/нд/

Остани поврзан