• сабота, 21 декември 2024

Димовска на заседание на Здружението на генерални секретари на парламенти во Женева

Димовска на заседание на Здружението на генерални секретари на парламенти во Женева

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, учествува на заседанието на Здружението на генералните секретари на парламентите (ЗГСП), што се одржува во рамките на 149. Собрание на Интерпарламентарната унија од 13 до 17 октомври годинава, во Женева, Швајцарска Конфедерација.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на заседанието на ЗГСП, генералните секретари дискутирале за парламентите и вклученоста на граѓаните во директната демократија, особено преку механизмите како што се граѓанските собранија, петициите и граѓанските иницијативи, иновациите во парламентите, обраќањата на шефови на држави и странски гости на пленарни седници, управувањето со конфликтните надлежности на парламентарните комисии, како генералните секретари можат да ги искористат придобивките од вештачката интелигенција.

Бил одржан заеднички настан на ЗГСП и ИПУ на тема „Комисиите за иднината: Иднината на парламентите?“, како и пригодна свеченост по повод 85 годишнината од формирањето на ЗГСП.

Во рамките на заседанието на ЗГСП, генералната секретарка Димовска остварила средби со генералните секретари на парламентите на Шведска, Австрија, Унгарија, Бенин и Турција, на кои било потенцирано значењето на парламентарната соработка и можностите за продлабочување на истата во иднина. Димовска остварила поздравна средба и со претседателката на ИПУ, Тулиа Ексон.

За време на заседанието на ЗГСП, генералните секретари го избрале Хозе Педро Монтеро од Сенатот на Уругвај за нов претседател на ЗГСП и Георг Клеман од германскиот Бундесрат за потпретседател.

- Здружението на генералните секретари на парламентите е консултативно тело на Интерпарламентарната унија, во кое членуваат генерални секретари на парламентите - членки на ИПУ. На состаноците на Здружението на генералните секретари, што се одвиваат паралелно со редовните собранија на ИПУ, се разменуваат мислења за стручни прашања од работата на парламентите, при што членовите на Здружението подготвуваат извештаи и излагања за одредени теми и расправаат за нив, се наведува во соопштението. дма/са/

 

Фото: Собрание

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан