• сабота, 23 ноември 2024

Димитров: Странските текстилни брендови заминуваат во Египет и Мароко

Димитров: Странските текстилни брендови заминуваат во Египет и Мароко

Штип, 22 октомври 2023 (МИА) - Македонскиот текстилен сектор се соочува со намалување на нарачките од странските партнери.

Според Ангел Димитров од Организација на работодавачи причината рецисијата на европскиот пазар, а како втор проблем е и заминувањето на странските партнери.

Посочува дека дека четири штипски конфекции се соочени со намалено производство. Стопанствениците засега не ги затвараат капацитетите и се снаоѓаат со домашно производство. Ова се случува поради тоа што брендовите сфатиле дека во нашата земја нема доволно млада работна сила.

- Странските партнери заминуваат во Египет и Мароко. Египет дава големи поволности на инвеститорите во обезбедување на машини, а имаат и млада работна сила, вели Димитров.  

Сопствениците на конфекциите, по Нова година ќе знаат дали ќе продолжат со производство или ќе мора да ги затворат капацитети. Доколку се случи затварање на фабриките, според анализите на улица ќе останат текстилните работнички над 50 години.

- Ние се уште имаме во нашите конфекции луѓе, кои се во средни години и да речеме и требаат уште 10 или 15 години до пензија. Ако дојде до поголемо намалување на работата ќе се случи да дел од тие луѓе ќе останат без работа. Работат и да немаме млади, подмалдување, барем овие луѓе да чекаат да останат и достојна пензија, рече Димитров.

Во земјава отворени огласи за вработување има во компаниите во ТИР зоните и во домашните фабрики. Според вицепремиерот Битиќи на земјава и недостасуваат 10.000 работници, а најмногу во секторите градежништво и угостителство.вдј/свс/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан