• сабота, 23 ноември 2024

Димитров: Имаме најголема подготвеност во областа на основите права, дури и во однос на Србија и Црна Гора

Димитров: Имаме најголема подготвеност во областа на основите права, дури и во однос на Србија и Црна Гора
Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) - Имаме најголема подготвеност со средна оценка од 3,02 во областите и поглавјата од Кластерот 1 - темели/фундаменти, дури и во однос на земјите кои повеќе години преговараат за членство. Србија со средна оценка од 2,68 и Црна Гора со средна оценка од 2,83. Ова го покажува првичната анализа на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Споредливоста на напредокот и вкупната подготвеност, посочи Димитров, не е за да се фалиме колку сме направиле, туку токму во насока за да има еден вид реформски натпревар во нашиот регион. Димитров, посочи дека имаме солидно ниво на подготвеност и во Кластерот 3 - конкурентен и инклузивен раст. - На исто рамниште со Црна Гора, кои веќе ги имаат отворено поглавјата од овој кластер и со Србија, која пак доби препорака за отворање на поглавјата од овој кластер. Оваа констатација за ниво на подготвеност важи и за Кластерот 4 - зелена агенда и одржлива поврзливост, каде сме исто рангирани со Србија, каде Комисијата даде препорака за отворање на овој кластер, посочи Димитров. Во Кластерот 5 - ресурси, земјоделство и кохезија, нагласи Димитров, земјата е прворангирана во регионот со средна оценка од 2,8, додека двете земји кои веќе преговараат имаат оценка 2,6. - Од наша гледна точка формалниот почеток на пристапните преговори ќе биде огромен политички поттик. Поттик, за спроведување на подлабински реформи, со забрзана динамика, не само со усогласување на правото со ЕУ, туку и во суштинска имплементација на усвоената легислатива, изјави Димитров. -Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2021 година е 3,11 или описно - добро ниво на подготвеност. Од аспект на остварениот напредок, задржано е темпото на напредок или има подобрување во 29 од вкупно 30 области, додека во останатите десет има помал напредок, во однос на напредокот во минатиот извештај. Од аспект на подготвеност во 90 проценти од областите имаме делумна или добра подготвеност за членство, изјави Димиртов. На заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир, Димитров, оцени дека Извештајот е објективна, сеопфатна и реална анализа на состојбите, остварениот напредок и вкупна подготвеност, но и наша референтна точка што ги диктира реформите од европската агенда. - Ова е јасна и недвосмислена потврда дека во време на сериозни предизивици, и во однос на пандемијата, но и специфичните политички предизвици со кои се соочуваме, со посветеност и упорност успеваме да задржиме високо ниво на подготвеност за членство. Имаме високо ниво на вкупна подготвеност и солидно темпо на напредок во споредба со минатата година, изјави Димитров. Од политичките пораки, посочи Димитров, јасно е дека е крајно време да се почне пристапниот процес, за што самата ЕК вели, дека влијае многу негативно на кредибилитетот на ЕУ во регионот. Евроамбасадорот Дејвид Гир, на почетокот го претстави Извештајот на ЕК за напредокот на земјата на 113 страници, за кој посочи дека е веќе е предаден на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев. нд/аа/

Остани поврзан