• вторник, 24 декември 2024

Димитриос Пасхос нов главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ назначен за нов претседател на Одборот на директори на компанијата

Димитриос Пасхос нов главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ назначен за нов претседател на Одборот на директори на компанијата

Скопје, 21 јули 2023 (МИА) - Одборот на директори на ОКТА АД – Скопје го назначи Димитриос Пасхос за нов вршител на должност извршен член на Одборот на директори и главен извршен директор на компанијата. Истовремено, досегашниот главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ ја презема функцијата претседател на Одборот на директори на компанијата. Дополнително, воведена е нова позиција заменик-претседател на Одборот на директори на која е назначен Василиос Багиокос, неизвршен и независен член на Одборот, информираат од компанијата.

Пасхос е магистер по меѓународни финансии кој одлично ја познава компанијата и состојбите на домашниот и глобалните енергетски пазари, со оглед на тоа што до неговото назначување на новата функција тој ја извршуваше должноста директор на финансии и администрација на ОКТА, на која беше назначен во јули 2019 година. До именување на нов директор на финансии и администрација, Пасхос ќе продолжи да ја извршува и оваа функција.

Од почетокот на 2020 година, пак, Радовиќ  ја извршуваше функцијата главен извршен директор на ОКТА.

Дополнително, Одборот на директори избра тројца вршители на должноста членови на Одборот на директори и тоа Дионисиос Роутсис, неизвршен член на Одборот на директори, Димитриос Пасхос, извршен член на Одборот на директори и главен извршен директор и Тхеодора Петроула, неизвршен и независен член на Одборот на директори.

Како што посочуваат од компаниајта, одлуките стапуваат на сила на 24 јули 2023 година.вј/са/

Фото: ОКТА

Остани поврзан