• понеделник, 23 декември 2024

Димитриеска - Кочовска: Останувам на ставот против замрзување на трговските маржи оти не дава резултати

Димитриеска - Кочовска: Останувам на ставот против замрзување на трговските маржи оти не дава резултати

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска на прес - конференциај по повод 100 дена од работата на Министерството изјави дека останува на својот став против замрзнувањето на маржите оти не носат резултат, бидејќи во државните институции нема капацитет за следење на почитување на мерката и очекува да има промени во тој дел.

-Јас ова веќе го коментирав и го имам исто така изјавено и транспарентно, никогаш не можам да се согласам со таква мерка замрзнување на цени, маржи затоа што се комплетно сложени методологии за пресметка и сметам дека во државните институции нема доволно капацитет којшто може точно да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така. Но, независно од сето тоа, јас и моето размислување го кажав на Владата, на крај ставот на Владата е тој којшто оди како заедничка одлука и ставот на Владата беше дека ќе се продолжи со замрзнување на трговските маржи со тоа што во периодот којшто следи очекувам да има промени во тој дел и да не продолжиме на истиот овој начин затоа што јас сметам дека ефектите нема да бидат толку големи како што се очекува особено во услови кога имаме ниска инфлација, рече министерката Димитриеска Кочовска на новинарско прашање за нејзиниот став како министер за финансии за мерката за замрзнување на маржите.

Таа подвелече дека го поддржува Законот за нефер трговски практики затоа што смета дека тоа повеќе ќе го регулира пазарот отколку замрзнувањето на маржите.

-Законот за нефер трговски пракитики многу поедноставно може да се следи во однос на она што значи замрзнување на цени. Јас ги побарав билансите, седнав со надлежните, иако моето Министерство не е надлежно за таа работа, компаниите инсистираа да се видиме, јас ги примив, донесоа биланси, потоа седнав со надлежните институиции да разговарам и врз основа на тоа што го увидов повторно стојам на ставот дека оваа методологија не треба да се применува, рече Димитриевска Кочовска.

Таа посочи на решението кое го применувале од Владата на Унгарија, како поприфатливо и посоодветно решение, попуст на конечната цена, од 20 отсто во однос на просечната цена за даден производ добиена со пресек наназад за три месеци.

Прашана дали била осамена во ставот околу маржите и за недостатоците околу двојното толкување на бруто маржата и дали ќе инистира да се доработи таа вели дека таа вели дека нејзиниот став се заснова на анализа на бројки, пресметки и согледување на реалноста. 

-Дали сум била осамена или не е ирелевантно, јас сум човек што има став и јас мојот став кога го давам не го менувам така едноставно, затоа што ниедна одлука досега што сум ја донела во животот не сум ја донела ниту избрзано, ниту поради некаков инат, туку само врз база на анализа на бројки, пресметки и воочување на реалност. Ако сум добила податоци за одредена работа и каде што гледам дека сепак профитабилноста не е таква како што компаните или некој друг се потрудил да ја претстави, јас не можам да замижам на тоа и можам да си го кажам својот став. Но независно дали сум била осамена или не, одлуката на Владата е конечна, подвлече Димитриеска Кочовска повторувајќи го мислењето за немање капацитети во администрацијата за следење на мерката и во однос на тоа дали правилно е поставена методологија како да се стигне до таа бруто трговска маржа.

Во однос на законот за нефер трговски практики, рече дека за се може да се разговара, но клучното во однос на овој закон е позицијата на маркетите, дистрибутерите и производните компании.

-За да зборуваме за мерки треба да ја разбереме суштината на бизнисот, маркетите наплаќаат во готово, независно дали е кредитна картичка, дебитна или ќе отидеш со пари, а плаќаат на одложено. Значи кеш флоуто што е клучно, а никој не го гледа, бидејќи е најтешко за разбирање, тука го имаме најголемиот проблем и затоа го поддржувам законот за нефер трговски практики, тој дел треба да се регулира на некој начин, вели министерката за финансии.

Во однос на инфлацијата таа посочи дека најголем пораст има на цените на зелените пазари и прашува како се дојде до толку високи цени на земјоделските производи, во услови кога се одвојуваат значајни средства за субвенции, а земјоделското производство опаѓа, а расте увозот. Во таа насока таа најави дека во Министерство за земјодлество веќе е во процедура измената на методологијата за распределување на субвенциите. вг/ац/

Фото: Принтскрин

  

Остани поврзан