• недела, 22 декември 2024

Димевски оствари средба со Окума

Димевски оствари средба со Окума

Скопје, 12 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски викендов оствари средба со јапонскиот и светски карате инструктор Сенсеи Коичиро Окума од ЈКА како и со челниците на Македонската традиционална карате федерација, Венцислав и Дејан Недев. 

- На средбата Димевски упати голема благодарност до Сенсеи Окума за неговата посета во Македонија и за семинарот кој го одржува за македонските каратисти. Дејан Недев се заблагодари од името на МТКФ за приемот, подршката и соработката на МОК кон МТКФ која трае со години. Од страна на Димевски беше истакнато дека МОК и во иднина ќе ги подржува сите активности на МТКФ се со цел за постигнување на уште поголеми резултати на македонските каратисти во традиционалното карате, соопштија од МТКФ.

На крај Сенсеи Окума му врачи диплома на Димевски за поддршката во организација на карате семинарот во Скопје. зс/

Остани поврзан