• сабота, 31 август 2024

Димевски оствари средба со Бах во седиштето на ИОК

Димевски оствари средба со Бах во седиштето на ИОК

Лозана, 4 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Олимписки комитет на Северна Македонија, Даниел Димевски се сретна со првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах.

-На средбата во седиштето на ИОК во Лозана, на Димевски му беше врачен Сертификатот за признавање на МОК како одговорна организација што применува практики и принципи на добро владеење. На самиот чин на сертифицирање претходеше презентација и евалуација на сите проекти што ги реализира Македонскиот Олимписки комитет, како и позитивниот извештај од страна на реномираниот Price Waterhouse Cooper презентиран годинава, соопштија од македонскиот комитет.

Воедно, Бах изрази подготвеност да помогне во проектот за поставување на фотоволтаици на кровот од Олимпискиот центар „Јане Сандански“ како и максимална поддршка при организација на претстојните младински олимписки игри во Скопје во 2025 година.

За огромната поддршка што претседателот Бах ја дава на Македонскиот Олимписки комитет, од страна на претседателот Димевски му беше врачена престижната награда „Златна Олимпија“. зс/

Остани поврзан