• понеделник, 23 декември 2024

„Дизни“ затвора 60 продавници во Северна Америка

„Дизни“ затвора 60 продавници во Северна Америка
Лос Анџелес, 4 март 2021 (МИА) - Компанијата „Волт Дизни“ планира да затвори 60 продавници на огранокот „Дизни стор“ низ Северна Америка, сосредоточувајќи се на своите платформи за купување преку интернет. Во светот има 300 продавници на „Дизни стор“, па овој потег ќе затвори 20 отсто од нив оваа година. Одлукава доаѓа откако пандемијата со Ковид-19 им наметна на потрошувачите да избегнуваат купувања со физички контакт, па сѐ повеќе се свртуваат кон интернет-продажбата. - Сега планираме да создадеме пофлексибилно и меѓусебно поврзано искуство во е-трговијата, што на потрошувачите ќе им овозможи лесен пристап до уникатни, квалитетни производи од сите наши линии, изјави Стефани Јанг, одговорна за производи за широка потрошувачка. Засега, не се соопштува кои продавници на „Дизни“ ќе бидат затворени или колку луѓе ќе бидат отпуштени. Според претставници на „Дизни“ засега се знае само оти затворањето нема да влијае на продавниците како што се „Таргет“ во САД или оние на групацијата „Алшаја“ на Блискиот Исток. си/ми/

Остани поврзан