Диего Коста пред потпис со Вулверхемптон
- Шпанскиот фудбалер Диего Коста ќе биде подложен на лекарски преглед во текот на утрешниот ден објави „Скај спортс“.
Лондон, 5 септеври 2022 (МИА) – Шпанскиот фудбалер Диего Коста ќе биде подложен на лекарски преглед во текот на утрешниот ден објави „Скај спортс“.
Англискиот клуб размислува да го ангажира 33-годишниот Шпанец поради повреда на напаѓачот Саша Калајџиќ.
Последниот клуб на Коста беше Атлетико Минеиро, кој го напушти оваа година. Тој не се појавил на теренот на официјалните натпревари на тимот од декември 2021 година.
Коста претходно играше за Атлетико Мадрид, Челзи, Рајо Ваљекано, Ваљадолид, Албасете, Селта, Брага и Пенафиел. зс/