• вторник, 24 декември 2024

Дигиталната трговија може да ѝ помогне на Северна Македонија подобро да закрепне по КОВИД-19

Дигиталната трговија може да ѝ помогне на Северна Македонија подобро да закрепне по КОВИД-19
Скопје, мај 2021  Редици камиони, честопати со стотици возила се честа глетка на многу гранични премини, вклучувајќи и за време на пандемијата со КОВИД-19. Ова е само еден од највидливите потсетници за предизвиците со кои се соочуваат трговците, особено на врвот на пандемијата. Одржувањето на трговските текови за време на пандемијата со КОВИД-19 е од суштинско значење за обезбедување на пристапот до суштински прехранбени производи и медицински средства и за ограничување на негативните влијанија врз работните места и врз сиромаштијата. За Северна Македонија – високо интегрирана во меѓународната трговија, со однос помеѓу вкупната трговија и БДП поголем од 133% — ублажувањето на ризиците поврзани со пандемијата е од суштинско значење. Фокусираноста на земјата на олеснувањето на трговијата – поедноставување, модернизација и усогласување на процесите на извоз и на увоз – придонесе за олеснување на трговијата во време на кризи, каква што е КОВИД-19. Иако македонската економија се намали како резултат на пандемијата – како и на други места во светот – олеснувањето на трговијата може да игра клучна улога за земјата подобро за закрепне и да биде поотпорна при итни ситуации во иднина. Пандемијата ја забрза примената на дигитална трговија Според едно неодамнешно истражување спроведено од страна на Светската трговска организација за олеснувањето на трговијата и КОВИД-19, дигиталните мерки, како што се ‘едношалтерски системи’, им помагаат на земјите за време на кризата. Едношалтерските системи се онлајн платформи кои ги автоматизираат трговските постапки и ја заменуваат потребата за физички, рачни процеси односно преклопувањето на процесите. Дигиталните платформи имаат важна улога во забрзувањето на граничните постапки, овозможувајќи непречена обработка и намалувајќи ја потребата за физички контакт помеѓу граничните органи и трговците. Едношалтерските системи исто така ја подобруваат транспарентноста на трговијата. Онлајн платформите обезбедуваат пристап до информации поврзани со трговијата и осигуруваат дека сите формалности се достапни на сите трговци, вклучувајќи ги и микро, малите и средните претпријатија (МСМП) кои се најпогодени од кризата. Реформите за олеснување на трговијата по пандемијата за автоматизирање и рационализирање на граничните постапки, поедноставување на надоместоците и поттикнување на инклузијата на МСМП ќе бидат од најголемо значење. Автоматизацијата го намалува времето и трошоците на трговијата Северна Македонија веќе има предвидено мерки за олеснување на трговијата на своите гранични премини и аеродроми за стоките да можат непречено да минуваат. Пред пандемијата, владата е посветена на подобрување на трговијата и на инвестициите со подобрување на регулативите, процесите и практиките кои претставуваат оптоварување на приватните бизниси, како и со надминување на прашањата поврзани со инвестициското опкружување кои ги попречуваат инвестициите и растот. Фокусираноста на владините органи на автоматизацијата веќе значително го намали времето и трошоците на трговијата. Северна Македонија е единствената земја во поширокиот регион која има електронски систем за апликација за дозволи за извоз/увоз и царински квоти, наречен ЕКСИМ (www.exim.gov.mk). Онлајн системот поврзува 16 главни гранични регулаторни органи. Им овозможува на трговците да добиваат информации за дозволи 24 часа дневно, седум дена во неделата, да поднесуваат документација и да добиваат електронски дозволи поврзани со увозот и со извозот со само едно поднесување. Искористувајќи го моментот, владата дополнително ја продлабочи својата посветеност кон автоматизацијата преку развивањето на националниот едношалтерски систем. Новиот и подобрениот систем ќе ја однесе дигиталната трговија на следното ниво. Ќе предвиди целосно електронско трговско опкружување и ќе ги поврзе сите гранични органи од синџирот на снабдување. Процесите ќе бидат стандардизирани во сите органи и ќе вклучуваат лиценци, дозволи и сертификати. Она што е важно, системот исто така ќе поддржи и електронско плаќање на надоместоците. Меѓународната финансиска корпорација, членка на групацијата Светска банка, помага на владата во градењето на патоказ односно план за националниот едношалтерски систем (правни аспекти, управување, преглед на деловните процеси, техничка архитектура итн.), како и во побрзото постигнување на согласност помеѓу јавниот и приватниот сектор, за реформите. На овој начин ќе се создадат патишта на раст на приватниот сектор и за нови инвестиции – клучни столбови на стратегијата на ИФЦ во Северна Македонија. Поддршката е дел од регионалната иницијатива на групацијата Светска банка во Западен Балкан за усогласување и за зајакнување на регионалната трговија, Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан што вклучува и развивање на патокази за национални едношалтерски системи во Северна Македонија, Албанија и Србија. Процесот се спроведува паралелно во сите три земји и се очекува да заврши до средината на 2021 година. Усогласување со меѓународни стандарди Националниот едношалтерски систем ќе ја приближи Северна Македонија и Западен Балкан поблиску до меѓународните трговски стандарди, како што се регулативите на Европската унија и Договорот за олеснување на трговијата на Светска трговска организација. Договорот содржи одредби за забрзување на движењето, ослободувањето и царинењето на стоките, вклучувајќи ги и стоките кои транзитираат. Исто така предвидува мерки за делотворна соработка помеѓу царината и други соодветни органи во насока на олеснувањето на трговијата и прашања поврзани со придржувањето до царинските прописи. Подобрување на отпорноста и на конкурентноста По КОВИД-19, иницијативите за дигитална трговија, како што е едношалтерскиот систем, ќе имаат значајна улога во градењето на отпорни трговски текови. Дигитализацијата и поедноставувањето на трговските процедури – заштедата на време и на трошоците за бизнисите – ќе ја подобри конкурентноста и ќе ѝ помогне на Северна Македонија поцелосно да учествува во глобалната економија. Поддршка за спроведувањето на едношалтерскиот систем е обезбедена од страна на групацијата Светска банка преку финансирање (договор за заем помеѓу Светска банка и владата на Северна Македонија). Иницијативата за патоказот за националниот едношалтерски систем во Северна Македонија, Албанија и Србија ја спроведува ИФЦ во партнерство во Фондот за добри управување при министерството за надворешни работи на Обединетото кралство. Автори: -Перица Врбоски, консултант за олеснување на трговијата -Виолан Конар-Лејси, оперативен службеник -Магдалена Шољакова, виш службеник во земјата за Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). ИФЦ е членка на групацијата Светска банка и е најголемата глобална институција за развој која што се фокусира исклучиво на приватниот сектор, www.ifc.org.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан