Дибала прогласен за најдобар играч во Серија А за јули
- Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, е прогласен за најдобар фудбалер за месец јули во италијанскиот шампионат.

Рим, 31 јули 2020 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, е прогласен за најдобар фудбалер за месец јули во италијанскиот шампионат.
Дваесет и шестгодишниот играч одигра шест натпревари овој месец, постигнувајќи еден гол и една асистенција.
Аргентинецот има постигнато вкупно 11 голови и остварени 10 асистенции во тековната сезона во Серија А. зс/