• понеделник, 23 декември 2024

Дибала не одолеа на големите пари на Ал Кадисија, се чека на Рома

Дибала не одолеа на големите пари на Ал Кадисија, се чека на Рома

Рим, 21 август 2024 (МИА) - Пауло Дибала дефинитивно е подготвен за неколку дена или недели да започне да живее во Саудиска Арабија, односно да го засили Ал Кадисија, но трансферот треба да го одобри неговиот сегашен клуб Рома.

Иако неговото потесно семејство не беше за преселба на другиот крај на светот и прерано откажување од европскиот фудбал, се чини дека тој ги убедил да ја поддржат неговата идеја вредна дури 75.000.000 евра.

Толку би заработил Аргентинецот доколку потпише тригодишен договор, но среќата му ја попречува клаузула од постоечкиот договор со римскиот клуб. Според добро информираниот новинар Џанлука ди Марцио, постои голем расчекор во бројките.

Така, Дибала имаше право да ја напушти Рома до 1 август, доколку најде клуб подготвен да плати 12.000.000 евра за неговата слобода, а Ал Кадисија сакаше да го земе по истекот на рокот за само 3.000.000 во споменатата валута.

Во моментов не изгледа реално дека „волчицата“ ќе го земе тоа што го нудат Арапите, а од друга страна ризикува да задржи играч кој сака да си замине, па ќе биде интересно да се види дали двата клуба ќе направи компромис.

Времето не им е сојузник, бидејќи летниот преоден рок во Италија и Саудиска Арабија има фиксно времетраење. дс

Фото: Архива

Остани поврзан