• сабота, 31 август 2024

ДЗС: Попишани вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови

ДЗС: Попишани вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови
Скопје, 21 септември 2021 (МИА) – Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.742 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември. аа/са/

Остани поврзан