• сабота, 23 ноември 2024

ДЗИС ја пушти во употреба Front Office платформата за електронско поднесување патенти

ДЗИС ја пушти во употреба Front Office платформата за електронско поднесување патенти

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) денеска ја пушта во употреба Front Office платформата за електронско поднесување пријави на патент и дополнителни поднесоци.

Е-платформата овозможува побрз и поедноставен пристап за заштита на правото на патент, а ДЗИС ја развиваше во програмата за билатерална соработка заедно со ЕПО, како и во рамките на своите активности за дигитализација на услугите.

Во Front Office платформата ќе може да се пристапи директно преку https://e-prijava.ippo.gov.mk (линкот е достапен од денеска, 02.10.2023 од 09:00 часот). Порталот содржи модули за поднесување на национални и меѓународни пријави, како и модули за поднесување пријави за признавање европски патенти со поднесување барања за издавање дополнителни сертификати.

-Сите овие постапки се изведуваат преку дигитални алатки изработени во согласност со националниот закон за индустриска сопственост и ратификуваните меѓународни конвенции и договори за поднесување и признавање на правото на патент. Во врска со начинот на користење на порталот, на https://rise.articulate.com/ може да се пристапи кон Front Office обуката која ги објаснува основните функционалности на платформата, наведува Заводот. мч/са/

фото: принт скрин

Остани поврзан