• недела, 21 јули 2024

Де Хеа би можел да се врати во Манчестер јунајтед

Де Хеа би можел да се врати во Манчестер јунајтед

Лондон, 26 октомври 2023 (МИА) - Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа би можел да се врати во тимот од „Олд Трафорд“, пренесува „The Sun“.

Според британскиот весник, раководството на Манчестер јунајтед размислува за потпишување краткорочен договор со 32-годишниот Шпанец поради идното заминување на Андре Онана на Африканскиот куп.

Договорот на Де Хеа со Манчестер јунајтед истече ова лето. Оттогаш тој е слободен агент. Голманот настапуваше за тимот од 2011 година. Одигра 545 натпревари, прими 590 голови и ја задржа мрежата „сува“ 190 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан