Де Роси незадоволен од однесувањето на Паредес на мечот со Каљари
- Новиот тренер на Рома, Даниеле де Роси го критикуваше Леандро Паредес за добиениот жолт картон на натпреварот од 23. коло на Серија А против Каљари (4:0).

Рим, 6 ноември 2024 (МИА) - Новиот тренер на Рома, Даниеле де Роси го критикуваше Леандро Паредес за добиениот жолт картон на натпреварот од 23. коло на Серија А против Каљари (4:0).
- Секогаш навивам кога соиграчите се штитат еден со друг. Но, кога резултатот е 4:0 треба да бидете малку попаметни. Ваквото однесување не треба да се толерира и мора да се внимава на непотребни предупредувања. Ова е вистинска глупост, изјави Де Роси за „Football-Italia“.
За Рома ова беше третата победа во третиот натпревар по доаѓањето на Де Роси на тренерското место.
„Римската волчица“ со 38 бода се искачи на петтото место во Серија А. зс/
Фото: ЕПА