• четврток, 29 август 2024

Де Роси е назначен за главен тренер на СПАЛ

Де Роси е назначен за главен тренер на СПАЛ
Ферара, 11 октомври 2022 (МИА) - Поранешниот играч фудбалер за врска на Рома и италијански репрезентативец, Даниеле Де Роси го презеде тимот на СПАЛ. Договорот со 39-годишниот Италијанец е до крајот на јуни 2024 година. СПАЛ стана првиот клуб во тренерската кариера на Де Роси. Пред тоа, од март до август 2021 година, тој беше дел од стручниот штаб на италијанската репрезентација. За време на професионалната фудбалска кариера Де Роси стана светски шампион, како и двократен шампион на Италија. Тој се пензионираше во јануари 2020 година. СПАЛ игра во Серија Б, втората лига на италијанското првенство. Тимот е 14-ти во поредокот со девет бодови од осум натпревари. зс/

Остани поврзан