• среда, 27 ноември 2024

Де ла Фуенте пред мечот со Англија: Тенка е линија меѓу победа и пораз, особено во финалето

Де ла Фуенте пред мечот со Англија: Тенка е линија меѓу победа и пораз, особено во финалето

Берлин, 13 јули 2024 (МИА) - Селекторот на шпанската фудбалска  репрезентација Луис де ла Фуенте ги сподели своите очекувања за натпреварот со Англија во финалето на ЕП 2024.

- Ако дадете максимум, оставете се на теренот, тогаш не може да се зборува за неуспех. Сепак, можеби нема да е доволно за победа. Има многу тенка линија помеѓу победата и поразот, особено во финалето, изјави Де ла Фуенте за „Marca“.

Селекторотна Англија фаворитската улога ја препушти на Шпанија која според фудбалските стручњаци покажа најмногу на Евро 2024.

Натпреварот ќе се одигра утре (14 јули) со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан