• сабота, 21 декември 2024

Де ла Фуенте: Лесно е да се работи со оваа генерација фудбалери

Де ла Фуенте: Лесно е да се работи со оваа генерација фудбалери

Санта Крус де Тенерифе, 19 ноември 2024 (МИА) - Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте ги пофали своите избраници за прикажаната игра во синоќешниот натпревар од групната фаза од Лигата на нации со репрезентацијата на Швајцарија (3:2).

-Тимот сфати како да ги надмине околностите и јас сум воодушевен од тоа. Голема чест е да се работи со оваа генерација фудбалери, лесно е да се работи со нив. Имаме многу добра сегашност и прекрасна иднина. На играчите им треба само можности и самодоверба, го цитира де ла Фуенте прес-службата на УЕФА.

Шпанија со 16 бода од првото место во групата 4 се пласираше во четвртфиналето во плејофот на Лигата на нации.

Ждрепката за четвртфиналето ќе се одржи на 22 ноември во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија. 

Првите натпревари ќе се играат на 20 март, реваншите на 23 март. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан