Де Брујне најплатен фудбалер во Премиер лигата
- Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне заработува повеќе од два милиони евра месечно и е најплатен играч во лигата.

Лондон, 21 март 2024 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне заработува повеќе од два милиони евра месечно и е најплатен играч во лигата.
Францускиот весник L'Equipe објави рангирање на топ 5 најплатени фудбалери во Премиер лигата на кое Белгиецот е на врвот со 2,02 милиони евра месечна плата пред оданочување.
На оваа листа втор е Ерлинг Халанд, исто така од Манчестер сити со плата од 1,9 милиони евра.
Третото место го делат Мохамед Салах (Ливерпул) и Касемиро (Манчестер јунајтед) со 1,77 милиони евра плата за еден месец.
Топ 5 најплатени фудбалери во Англиското првенство го заокружува Рафаел Варан (Манчестер јунајтед) со 1,72 милиони евра. месечна плата. зс/
Фото. ЕПА