• четврток, 12 јуни 2025

Де Бруин одлучи да го напушти Островот

Де Бруин одлучи да го напушти Островот

Манчестер, 21 мај 2025 (МИА) - Капитенот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, вчера го одигра својот последен натпревар на „Етихад“ со тимот на „граѓаните“.

Тој веќе донел важна одлука во врска со својата иднина. Според „Дејли Телеграф“, тоа е поврзано со фактот дека Белгиецот сигурно нема да потпише со друг клуб од Премиер лигата. Тој неодамна изјави дека е отворен за сè, што предизвика шпекулации дека би можел да остане во Англија. И токму поради ова тој беше поврзуван со неколку клубови од Премиер лигата, вклучувајќи ги Ливерпул и Астон Вила.

Двете најверојатни дестинации за неговата иднина се Чикаго Фаер или Наполи, тврди Фабрицио Романо. Белгиецот ќе ја донесе одлуката заедно со своето семејство, и тоа ќе го стори наскоро. дс

Фото: Архива

Остани поврзан