• среда, 27 ноември 2024

Де Бруин ги обвини соиграчите по поразот од Франција

Де Бруин ги обвини соиграчите по поразот од Франција

Лион, 10 септември 2024 (МИА) - Капитенот Кевин Де Бруин обвини некои од своите соиграчи во репрезентацијата на Белгија дека не си ја вршат работата на теренот и поради тоа страда целиот тим. 

-Не сакам да кажам пред камерите што тргна наопаку, тоа веќе го направив во соблекувалната на полувремето. Не можам да го повторам тоа пред медиумите, но дефинитивно мора да изгледаме подобро. Ако се обидуваме да го достигнеме највисокото ниво, но не можеме да го направиме тоа, ќе мораме да дадеме се на теренот. Ако не го сториме тоа, сè е готово, изјави Де Бруин за „ВТМ ТВ“.

Додаде дека нема да прифати реалност во која Белгијците повеќе не можат да го достигнат највисокото ниво.

-Не прифаќам дека сме под нивото од 2018 година, продолжи играчот од средниот ред, зборувајќи за селекцијата што се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Русија. 

Тренерот Доменико Тедеско изјави дека разбира зошто Де Бруин е лут. 

-Тој е наш капитен и сака тимот да победува. Дозволено е да биде емотивен, истакна тој. дс

Фото: Архива

Остани поврзан