• понеделник, 16 декември 2024

Дејан Недев оствари средба со претседателот на Данската карате федерација Џаспер Гран

Дејан Недев оствари средба со претседателот на Данската карате федерација Џаспер Гран
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Во рамки на посетата на Данска, Дејан Недев од Македонската традиционална карате федерација (МТКФ) во Копенхаген оствари средба со претседателот на Данската карате федерација, Сенсеи Џаспер Гран. На средбата, како што информира МТКФ, беше разговарано за почнување соработка меѓу Македонската и Данската федерација карате федерација преку учество на меѓународни карате семинари и натпревари во традиционалното карате. Дејан Недев како генерален секретар на светската федерација ИТКФ упатил и покана до Џаспер за членство на Данската федерација во европската ЕТКФ и светската ИТКФ федерација за традиционално карате. Џаспер, како што се наведува, се заблагодари на поканата на Недев и рече дека со задоволство ја прифаќа поканата да станат членови на ЕТКФ и ИТКФ. Дејан Недев на 23 и 24 август на покана на Данската федерација го посети и новиот најмодерен центар за боречки спортови (карате, џудо, џиу џица, таеквондо и кик боксери) во Копенхаген, Данска. мд/аа/  

Остани поврзан