• вторник, 27 август 2024

Дејан Мираковски од денеска и официјално ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип

Дејан Мираковски од денеска и официјално ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип
Штип, 15 септември 2022 (МИА) - Од денеска и официјално  ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, е Дејан Мираковски.  Поранешниот ректор, Блажо Боев ја предаде инсигнијата, а Мираковски го имаше првиот ректорски состанок со деканите на факултетите и академиите. На оваа ректорска седница беа номинирани новите два проректори, едниот останува проректор за настава и студенти професор доктор Мишко Џидров и новиот проректор за наука професор доктор Зденка Стојановска од Факултетот за медицински науки. Мираковски посочи дека во наредните три години цел ќе му биде да го подигне на повисоко ниво работењето на Универзитетот, со посебен осврт кон студентите и поголемо ниво на отвореност кон општеството во кое функционираме. -Универзитетот во континуитет се развива, кој е релативно млад. Ние и во континуитет ќе продолжиме да ги остваруваме и подобруваме сите полиња на работа, вели Мираковски. Мираковски на македонската јавност и е познат по неговите научни истражувања во областа на животната средина и како раководител на современата лабараторија АМБИКОН при УГД-Штип. Тој е третиот по ред ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“. Претходно ректори беа Саша Митрев и Блажо Боев. вдј/цр

Остани поврзан