• понеделник, 23 декември 2024

Дешам: Погба многу го сака фудбалот

Дешам: Погба многу го сака фудбалот

Париз, 8 октомври 2024 (МИА) - Селекторот на Франција, Дидие Дешам се произнесе околу намалувањето на периодот на дисквалификација на фудбалерот од средниот ред Пол Погба, кој ќе може да се врати на терените во март 2025 година.

Суспензија на 31-годишниот играч беше намалена од 4 години на 18 месеци.

- Ова е одлична вест, тој ќе може повторно да игра од март. Разговарав со него на телефон многу пати во периодот на суспензија. Му беше многу тешко. Новата казна е сепак казна, иако помала. Погба знае дека во март 2025 година ќе може повторно да игра, а бидејќи толку многу го сака фудбалот, ова е одлична вест за него, изјави Дешам за „RMC Sport“.

Погба, кој се уште е под договор со Јувентус од Торино до 2026 година, беше позитивен на допинг тест во февруари 2024 година. По жалбата, Судот за спортска арбитража (CAS) му ја намали казната на 18 месеци на 7 октомври.

Фудбалерот има 91 натпревар и 11 голови за француската репрезентација, а како дел од „триколорите“ стана и светски шампион во 2018 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан