• понеделник, 23 декември 2024

Дешам: Нема да скокам од радост по победата над Чиле

Дешам: Нема да скокам од радост по победата над Чиле

Марсеј, 27 март 2024 (МИА) - Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам ја коментираше победата над Чиле (3:2) синоќа во пријателски натпревар одигран во Марсеј.

- Нема да скокам горе-долу од радост вечерва, но да се победи овој натпревар по лошиот почеток (пораз од Германија) е добро. Реагиравме правилно. Ова донекаде се должи на нивоата на физичка подготвеност и нивоата на енергија кои не се оптимални. Не треба да ги потценуваме ваквите натпревари, но во јуни ќе мораме да ги правиме работите поинаку. Имаме можности, имаме волја. Овој пат свежината не беше максимална. Ги разбирам проблемите зад тоа, што е во главите на играчите. Не е дека играчите не сакаат... Тоа е повеќе приказна за не преземање ризици. Овој контекст е посебен, морав и јас да управувам со него. Им кажав на играчите дека во јуни ќе треба да се вложат многу повеќе напори. Нашите противници покажуваат голема одлучност против нас, изјави Дешам за „L’Equipe“.

На Европското првенство во 2024 година, француската репрезентација ќе игра во група со Австрија, Холандија и Полска. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан