• понеделник, 23 декември 2024

Децата од Подгорци прв пат ќе имаат можност да тренираат џудо

Децата од Подгорци прв пат ќе имаат можност да тренираат џудо

Струга, 20 февруари 2024 (МИА) - Децата од струшкото село Подгорци од неодма имаат можност своето слободно време да го поминуваат во спортување и тренирање џудо.

Според тренерот на џудо клубот „Дрим“ Ѓорги Стојанов, дечињата од ова населено место немале можност да се занимаваат со ниту еден спорт, што било и инспирација да отворат џудо секција

- Она што не' прави особено среќни е фактот што конечно децата од Подгорци ќе имаат можност активно да се занимаваат со спорт и тоа со најдобриот - џудо спортот. Како спортски клуб ќе придонесеме за развој на здрава спортска младина без пороци. Децата треба да добијат можност своето слободно време да го исполнат квалитетно и преку спортски активности да градат позитивни вредности. Само така ќе создаваме генерации кои ќе се движат по вистнискиот пат, а истовремено ќе откриваме таленти кои ќе носат индивидуални и клупски успеси, вели Стојанов.

Дека џудо-секција во Подгорци била повеќе од потребна, според него, говори интересот на децата кои за три дена ја наполниле салата во основното училиште во селото.

- Децата од Подгорци покажуваат голем интерес, на овие бесплатни тренинзи каде им овозможуваме да се запознаат со спортот и да одлучат дали се пронаоѓаат во нашиот тим, доаѓаат седумдесеттина деца што е одлична бројка, потенцира Стојанов.

Изрази благодарност до раководството на основното училиште „Гоце Делчев", кои им овозможиле услови за одржување тренинзи и презентација од придобивките на џудо спортот. сс/дма/

Фото: Џудо клуб „Дрим“

Остани поврзан