• сабота, 23 ноември 2024

Детскиот фестивал „Весело Штурче“ ќе се одржи на 29 септември, ќе бидат испеани 22 песни

Детскиот фестивал „Весело Штурче“ ќе се одржи на 29 септември, ќе бидат испеани 22 песни
Штип, 3 септември 2022 (МИА) - По 25 години пауза, повторно се враќа детскиот фестивал „Весело штурче“ на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. Директорот на фестивалот „Весело Штурче“, Филип Стевановски вели дека годинава е од ревијален карактер и ќе ја збогати македонската музичка сцена со 22 нови детски мелодии. - Се пријавија околу 65 деца со 70 песнички. Уметничкиот совет имаше тешка работа. Требаше да ги утврдиме учесниците, а сите песнички беа убави. Секако не можеа сите да влезат, па затоа годинава ќе има хор кој го имаме традиционално, вели Стевановски. Посочи дека фестивалот е ловец на нови таленти, а истовремено и едукатор во полето на музиката, учејки ги децата на вистински уметнички вредности. - Навистина се трудиме истовремено да има и современи песни. Се трудиме сјајот од минатите години повторно го вратиме. Малите деца да ги научиме на вистинските вредности. Децата научија како се снима во студио, хорот учи кореографија, додаде Стевановски. На сцената ќе настапат 24 дечиња кои преку својата песна ќе испратат јасна порака, објаснува Стевановски. Фестивалот „Весело Штурче“ ќе се одржи на 29 септември и картите се веќе во продажба. вдј/рп/

Остани поврзан