Детонирана експлозивна направа на банкомат во Бутел, нема повредени
- Експлозивна направа поставена на банкомат во Бутел утрово е детонирана при што оштетени се три возила.

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Експлозивна направа поставена на банкомат во Бутел утрово е детонирана при што оштетени се три возила.
Од МВР за МИА информираат дека утрово во 3:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.
-Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата. бк/аа/
Фото: МИА архива