• петок, 08 ноември 2024

Детето во Мексико го убило наставникот па се самоубило

Детето во Мексико го убило наставникот па се самоубило
Мексико Сити, 10 јануари 2020 (МИА) - Во пукањето во основното училиште во северно Мексико загинале напаѓачот - единаесетгодишно дете и неговиот наставник во кого било пукано од два пиштоли, соопштија денеска локалните власти додавајќи дека шест лица се повредени. Гувернерот на државата Коавила, Мигел Анхел Рикелме изјави дека ученик од шесто одделение убил наставник, а потоа се самоубил. - Според првичните резултати од истрагата, момчето дошло во неговата училница и им рекло на соучениците „Денеска е тој ден “, а потоа побарало дозвола да оди во тоалет, информира Рикелме. - Кога ученикот не се вратил по 15 минути, наставникот тргнал да го бара. Детето излегло од тоалетот пукајќи од два пиштоли, а пукањето завршило кога се застрелал, објасни гувернерот. Според него, ранети се пет ученици, како и наставник по физичко. Локалните медиуми јавија дека детето живеело со баба му и дедо му, а неговата мајка починала пред неколку години. Рикелме истакна дека момчето претходно не се однесувало проблематично во училиштето. Полицијата истражува наводи дека бил под влијание на некоја видео игра. Пукањето се случило во приватно училиште во центарот на градот Тореон. јт/

Остани поврзан