• вторник, 17 декември 2024

Десет земји претендираат да бидат домаќини на Летните олимписки игри во 2036 година

Десет земји претендираат да бидат домаќини на Летните олимписки игри во 2036 година
Лозана, 20 октомври 2022 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кристоф де Копер, зборуваше за апликациите на земјите кои сакаат да бидат домаќини на Летните олимписки игри во 2036 година. Според него, во моментов ИОК работи со десет национални олимписки комитети на прашањето за домаќин на Олимпијадата во 2036 година. Копер истакна дека проектите на овие земји се во многу рана фаза. Летните олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година. зс/

Остани поврзан