• недела, 17 ноември 2024

Десет војници убиени и уште 12 ранети во напад на бунтовниците од движењето Хути, на југот од Јемен

Десет војници убиени и уште 12 ранети во напад на бунтовниците од движењето Хути, на југот од Јемен

Сана, 27 август 2023 (МИА) - Најмалку 10 провладини војници загинаа во денешниот напад на бунтовниците Хути во Јемен, по повеќе од една година релативен мирен во војната што ја опустоши земјата. 

Француските медиуми, повикувајќи се на неименувани воени извори,  јавија дека десетте војници се убиени, а уште 12 се ранети во нападот изведен на границата меѓу провинциите Лај и Ал-Баида, на југот на земјата.

Според истите извори, кај бунтовниците имало четворица загинати и неколку ранети.

Цел на нападот биле сепаратистичките сили на југот, сојузници на владата во Јемен.

Неодамнешното зближување меѓу Саудиска Арабија, која ја поддржува јеменската Влада, и иранските власти блиски, до бунтовниците, даде надеж дека ситуацијата во Јемен ќе се смири. Меѓутоа, мировните преговори се во застој, додека во земјата владееше една од најтешките хуманитарни кризи во светот. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан