• сабота, 23 ноември 2024

Десетици убиени во напад на католичка црква во Нигерија

Десетици убиени во напад на католичка црква во Нигерија
Лагос, 5 јуни 2022 (МИА) - Десетици луѓе загинаа денеска во напад на католичка црква во Нигерија, јави ДПА. Вооружени лица влегле во храмот во јужниот град Ово и почнале да пукаат врз верниците, соопштија властите. Тие не дадоа конкретни бројки, но локалниот весник објави дека има најмалку 28 загинати. Други медиуми споменуваат 50 жртви. Џихадистичките групи изведоа голем број крвави напади врз цркви во последните години во доминантно муслиманската северна Нигерија. Сепак, ова е прв напад на ваков храм во јужниот дел на земјата, каде што има претежно христијани, наведува ДПА. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот на црквата „Свети Францис“. паг/

Остани поврзан