• сабота, 16 ноември 2024

Десетици илјади луѓе во Берлин испратија пораки на солидарност до иранските демонстранти

Десетици илјади луѓе во Берлин испратија пораки на солидарност до иранските демонстранти
Берлин, 22 октомври 2022 (МИА) – Десетици илјади луѓе се собраа денеска во Берлин во знак на солидарност со антивладините демонстранти во Иран. Берлинската полиција процени дека на собирот имало 37.000 луѓе. Учесниците носеа ирански знамиња и транспаренти на кои беа испишани критики за иранските лидери и поддршка за мажите и жените во Иран, на англиски и германски јазик. На протестот дошле луѓе и од други делови на Германија и Европа. Насобраните повикаа и на социјална солидарност поради потенцијалната енергетска криза, а беа истакнати и други важни прашања. Во Техеран денеска се одржаа неколку антивладини протести на неколку универзитети. Немирите низ Иран започнаа по смртта на младата Иранка, Махса Амини, која почина откако беше претепана од иранската полиција за морал, бидејќи наводно не носела хиџаб правилно. Досега повеќе од 200 луѓе загинаа во насилното задушување на протестите во Иран. јт/

Остани поврзан