Десетици загинати во вооружени напади на северозападот од Нигерија
- Во вооружени напади во северозападниот дел на Нигерија загинале 47 лица, соопшти началникот на полицијата во градот Кацина, Гамбо Исах, додавајќи дека вооружени лица извршиле напади во градов

Лагос, 19 април 2020 (МИА) - Во вооружени напади во северозападниот дел на Нигерија загинале 47 лица, соопшти началникот на полицијата во градот Кацина, Гамбо Исах, додавајќи дека вооружени лица извршиле напади во градовите Дутсинма, Данмус и Сафана, јави агенцијата Анадолија.
Тој додаде дека нападите се изведени најверојатно заради одмазда, а во нив се повредени и голем број лица, кои се пренесени во болница.
Шефот на полицијата соопшти дека добро вооружени полициски сили почнале копнена и воздушна операција во областа против напаѓачите.
Инаку, во овој дел од земјата, често пати заради пасишта, доаѓа до конфликти меѓу локалните селани и овчарите кои доаѓаат од други делови на Нигерија, особено меѓу овчарите од заедница Фулани и племињата кои живеат од земјоделие.
Членовите на заедницата Фулани тврдат дека земјоделците се обидуваат да го украда нивниот добиток и често пати и ги напаѓаат. сд/