• сабота, 31 август 2024

Дератизација против глодари во Вевчани

Дератизација против глодари во Вевчани

Вевчани, 30 август 2024 (МИА) - Општина Вевчани в понеделник ќе реализира дератизација за уништување глодари.

Градоначалникот Спасе Кочовски информира дека дератизацијата ќе се изведува утрото од 9 часот до 16 часот и 30 минути, под поволни временски услови.

- Во случај времето да е врнежливо или е со јак ветер дератизацијата се одложува за некој нареден ден со поволни временски услови, стои во информацијата. сс/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан