Денот на Републиката - 2 Август неработен за сите граѓани
- Денот на Републиката, 2 август 2024 (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, согласно со Законот за празниците на РМ, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Денот на Републиката, 2 август 2024 (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, согласно со Законот за празниците на РМ, соопшти денеска Министерството за социјална политика, демографија и млади.
-Министерството за социјална политика, демографија и млади на сите граѓани им го честита Денот на Републиката, се наведува во известувањето. хс/бак/
Фото: МИА архива