• понеделник, 23 декември 2024

Денот на ослободувањето на Тетово одбележан пред Споменикот на револуцијата

Денот на ослободувањето на Тетово одбележан пред Споменикот на револуцијата

Тетово, 19 ноември 2024 (МИА) - Ослободувањето на Тетово од фашистичката окупација во Втората светска војна на 19 ноември 1944 година беше одбележано со оддавање на почит на загинатите борци пред Споменикот на победата (револуцијата).

Со инторање на химната, почесна стрелба и минута молчење почна одбекежувањето во организација на Општинската организација на Сојузот на борци Тетово од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи како и тетовската касарна „Кузман Јосифоски-Питу“.

Реферат за значењето на датумот, подготви професор по историја, Ружица Ристовска од ОУ „Гоце Делчев“- Тетово.

-Појавата на  фашизмот на политичката арена е најголемото зло на ХХ-век и закана за уништување на се што е прогресивно,хумано и родољубиво. Ниту Македонија не беше поштедена од фашистичкиот оган. Македонија по кој знае кој пат повторно се најде во виорот на војната . окупаторските војски,чекореа по Ммкедонската почва, натопена со крв од славни и неславни македонски борци за една цел „Македонија слободна“. Во Тетово непријателската пропаганда сееше раздор и омраза меѓу населението,користејќи ја верската подвоеност. Бројот на населението кое се приклучуваше кон Народно-ослободителната војска,секојдневно растеше. Бидејќи концентрацијата на непријателските вооружени сили во Тетово била голема ,најпрвин се ослободуваат поголемите градови во Македонија па Тетово.Било изведена поголема акција на единиците на НОВ и партизанските одреди,при што непријателот беше истеран од градот На 19-Ноември 1944 год. единиците на НОВ и партизанските одреди на Југославија влегоја во веќе ослободеното Тетово, се истакна во рефератот.

Претседателката на Сојузот на борци и граѓаните продолжувачи, Лилјана Симовска потсети дека големиот јубилеј 80 години од ослободувањето годинава се одбележа со повеќе настани и активности.

-Со секојдневни настани 18 дена го славевме овој празник се во чест на јубилејот 80 години Слободно Тетово. Немаше помош од Општината, изостана и нивното присуство.  Дури и сметот околу Споменикот не беше подигнат иако ги замоливме тоа да се направи. Тоа е сликата на нашиот град. Иако не стори општината да се најде во сегмент за чествувањето, ние успеавме со самопридонес и помош на граѓани кои имаа слух да бидат со нас на ова чествување успеавме да го одбележиме овој настан како што доликува на еден град, рече Симовска.

Пред Споменикот на Револуцијата цвеќе положија претставници на општинските организации на Сојуз на борци од Тетово и Гостивар, Касарна „Кузман Јосифоски-Питу“, СВР Тетово, Музеј на тетовски крај, Организација на резервни официри, политичките партии СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Левица, Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Здружение на пензионери, ученици од тетовски основни училишта и деца од градинките.

Вчера Денот на ослободувањето се одбележа и со свеченост под слоганот „Непокорот е слобода-80 години Слободно Тетово“, на која беа доделени признанија 19 Ноември за животно дело како и за особен придонес во одредена област, а имаше музичко-сценски настапи. ас/сст/
фото МИА 

Остани поврзан