• сабота, 23 ноември 2024

Денков: Бугарија нема да прифати дополнителни услови за Шенген

Денков: Бугарија нема да прифати дополнителни услови за Шенген

Софија, 12 декември 2023 (МИА) - До каде ќе биде границата на прифатливи и неприфатливи услови за Шенген ќе видиме во наредните денови и недела, изјави бугарскиот премиерот Николај Денков.

-Нема да прифатиме дополнителни услови кои не одговараат на она што се очекува од другите земји, посочи Денков.

Тој додаде дека се подготвени да прифатат се што ја поддржува заштитата на надворешните граници, бидејќи тоа, како што рече, „е и во наш интерес“.

Премиерот објасни дека она што го менува Шенгенот во воздухот е удобноста при патување од една во друга земја преку аеродромите. Многу полесно ќе се помине и влегува во други земји по воздушен пат, дури и понекогаш без проверка на документи. мс/

фото: БТА

Остани поврзан