• вторник, 24 декември 2024

Денков: Нема причина да го смениме ставот кон Северна Македонија, да си ги исполнат обврските

Денков: Нема причина да го смениме ставот кон Северна Македонија, да си ги исполнат обврските

Скопје, 28 август 2023 (МИА) - Бугарската влада нема причина да го смени ставот кон Северна Македонија, а очекуваме да си ги исполни обврките кон Европската унија, вели бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за „24 часа“. 

Прашан дали Бугарија ќе ја промени позицијата кон Северна Македонија Денков нагласи дека нема никаква причина за тоа иотиразговорите сега се меѓу Северна Македонија и ЕУ.

– Категорично не и нема никаква причина да ја промениме позицијата. Со реализацијата на т.н француски предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, разговорот, всушност, повеќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Тоа што се  очекува е да си ги исполнат обврските пред ЕУ. Нема никаква причина да ја смениме нашата позиција, истакна Денков.лв/

 

Тагови

Остани поврзан