• вторник, 24 декември 2024

Демонстрации и инциденти пред салата Плејел каде се одржува церемонијата на доделување на Цезарите

Демонстрации и инциденти пред салата Плејел каде се одржува церемонијата на доделување на Цезарите

Париз, 28 февруари 2020 (МИА) - Околу стотина демонстранти, претежно жени, се собраа од 18 часот на плоштадот Терн за да го осудат Роман Полански и 12 номинациите на „ J'accuse“ – Обвинувам. Притоа дојде до инциденти меѓу демонстрантите и полицијата пред салата Плејрл каде се одржува церемонијата на Цезар, јави дописникот на МИА.

Инцидентите се случија околу 19:30 часот, помалку од два часа пред почетокот на церемонијата, демонстрантите со сигнални ракети се обидоа да пристапат кон салата Плејел заштитена од полицијата и металните бариери, извикувајќи „затворете го Полански“. Демонстрантите кои се обидоа да ги срушат бариерите беа спречени од полицијата.

-Ние сакаме да ја прашаме кино заедницата која може да ја поддржи Адел Хаенел, а ги осудува делата на сексуални напади, и истовремено, со неверојатна лицемерие, го поддржува Роман Полански, објасни на почетокот на митингот Селин Пика, портпарол на Осмелете го феминизмот.

Демонстрантите извикуваа пароли непријателски настроени кон режисерот како „Полански силувач, кино виновно, јавен соучесник“. На паноата можеше да се прочита: жртви на Полански, ви веруваме“ или „Долу патријархатот“.

Роман Полански и екипата на неговиот филм „J'accuse“, вклучувајќи го и актерот Жан Дијардин кој ја игра главната улога, решија да не присуствуваат на церемонијата на Цезар додека неговиот долгометражен филм за Аферата Дрејфус има дванаесет номинации.

Министерот за култура Франк Ристер процени за „Франс Инфо“ дека Цезар за најдобар режисер за Роман Поланци ќе биде „лош симбол во споредба со потребната свест што сите мора да ја имаме во борбата против сексуалното и родовото насилство “.

Роман Полански е предмет на неколку обвиненија за силување и се уште го гони американскиот правосуден систем за незаконски сексуални односи со малолетничка во 1977 година.тг/сд/

Остани поврзан