• среда, 27 ноември 2024

Демонстрантите во Софија бараат оставка од Христов поради преговорите со „Газпром“

Демонстрантите во Софија бараат оставка од Христов поради преговорите со „Газпром“
Софија, 29 август 2022 (МИА) - Демонстрантите бараат оставка од вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, јави дописникот на МИА од Софија. Претседателот на БОЕЦ, Георги Георгиев најави дека блокадата ќе продолжи до доцна во ноќта и ги предупреди полицајците, кои ја чуваат зградата на бугарската Влада да не се обидуваат да ја уништат, бидејќи ќе преземат сериозни мерки. Демонстрантите извикуваат „Ова не е Москва“ и „Оставка“, а на транспарентите пишува „Гаспром ги спонзорира руските војници“ и „Варвари, Путин е убиец“. - Наместо сегашната Влада на Бугарија да ги преземе сите неопходни активности за да може нивната земја да ги реализира другите алтернативи, таа ја внесува земјата во убиствената прегратка на „Газпром“, нагласи Георгиев. Демонстрантите скандираа и „Радев надвор“. нк/ми/

Остани поврзан