• сабота, 23 ноември 2024

Демократско движење: Жените да бидат застапени 40 проценти не само во законодавната, туку и во извршната власт

Демократско движење: Жените да бидат застапени 40 проценти не само во законодавната, туку и во извршната власт

Скопје, 10 ноември 2023

Од 1991 година до денес немало ниту една жена на трите највисоки функции на државните органи, претседател на Собранието, на Државата или на Владата на Република Северна Македонија, ова беше главната забелешка на жените на ДД кои синоќа се собраа во Скопје, за да разговараат како да се дојде до нивна достоинствена застапеност во донесување одлука.

На панелот се кажа дека Законот за еднакви можности за жените во Македонија од 2012 година, не се спроведува во пракса, додека дискриминација врз основа на пол, според нив, е секоја промена, исклучок или ограничување врз основа на пол, што има за цел да го попречи препознавањето, реализацијата или остварувањето на основните човекови права и слободи засновани на еднаквост на жените и мажите во политиката, во економските, социјалните, културните и граѓанските или во други полиња, беше речено на Панел дискусијата.

Жените годинава се подобро застапени на глобално ниво, во Европскиот парламент со 39,5 отсто, додека африканската држава Руанда е понапредна од Северна Македонија, со 61 отсто застапеност на жените во политиката.

Според податоците што ги презентираше професороката по право Џихан Ахмед, во последните години имало зголемување на процентот на пратенички ширум целиот свет воопшто. На глобално ниво, Руанда има најголем процент на пратенички (61%), а потоа следат Куба и Боливија (53%). Во Европскиот парламент жените сочинуваат 39,5% од пратениците.

Пратеничката Мерита Коџаџику направи сублимација на застапеноста на жените низ децениите и даде ветување дека жените под раководство на Демократското движење ќе ја направат големата промена со 50/50 проценти застапеност на сите нивоа на управување со државата.

Калтрина Зеколи, декан на Правниот факултет на УМТ, ги цитираше зборовите на Маргарет Тачер која рекла дека „секоја жена која ги разбира проблемите со кои се соочува една куќа и ги решава тие, многу полесно може да ги реши проблемите на државата“, додавајќи дека родовата еднаквост во јавниот живот е глобален предизвик.

Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, пак, рече дека знаеме дека во минатото присуството на жените во политиката било многу мало, особено во албанскиот табор. „Законот предвидува дека во законодавството, поточно во парламентот и во советите на општините, 40 отсто да се жени. Но, како во Собранието, така и во општинските совети се гледа дека присуството е прилично мало. Затоа, дојдовме до заклучок дека не само во законодавната власт да биде 40%, туку и во извршната. Што подразбира министри, заменици министри, државни секретари, зошто да не и градоначалници. Значи жените досега покажаа дека знаат добро да водат во институции, помалку се корумпирани. Бидејќи политичка сила е извршната власт, идејата што доаѓа од Демократското движење е за промена и на законот за владата и таму таксативно да се забележи дека 40 проценти треба да бидат министерки, државни секретарки, директорки“, – рече Меџити.

Нермине Хамиди од ДД рече дека додека не се вклучила во политиката го мразела фактот што нема позиции што жените ги заслужуваат во политиката и лидерството.

„Често работев на различни проекти и тие сведочеа за дискриминацијата на жените во политичките партии во РСМ. Се додека конечно не наидов на подготвеноста на идеологијата на ДД за да се работи со конкретни чекори во позиционирањето на жената во одлучувањето, на извршните позиции, во процесот на креирање политики, и не само во површниот медиумски маркетинг што лидерите го прават со жените - изјави Хамиди.

Во Панел дискусијата беше речено дека во 1990, 1994 и 1998 година застапеноста на жените во Собранието била меѓу 3 и 8 проценти. Собранието денеска има 32 отсто пратенички, но застапеноста во Владата е ниска, со помалку од 20 отсто министерки, каде жените Албанки не учествуваат бидејки албанските партии не им ги  доверуваат министерските функциите  на ниту една жена Албанка.

Демократско движење

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ДД

 

Остани поврзан