Демократското Движење го основа „Демократскиот институт“ и Комисијата за партиска структура
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 31 октомври 2024
Демократското движење на последната седница на Основачкото тело едногласно одлучи да се формира Комисија за организација и структура на ограноците и партиските форуми на републичко ниво.
Истовремено беше дадено зелено светло за основање на истражувачко-аналитичкиот центар на Демократското Движење, односно „Демократскиот институт“, кој се очекува да го води Азиз Максути.
На состанокот се дискутираше и за актуелната политичка состојба.
Демократско движење
_________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива