• понеделник, 23 декември 2024

Демократски сојуз: Владата на утрешната седница да отвори расправа за важноста на личните документи

Демократски сојуз: Владата на утрешната седница да отвори расправа за важноста на личните документи

15 јануари 2024 

Демократскиот сојуз бара Владата на Македонија, на утрешната седница, да отвори расправа за важноста на личните документи, да донесе соодветни одлуки, да ги задолжи министерствата за нивно спроведување и да ги информира граѓаните.
Прво, личните карти, како документи за внатрешна употреба, можат да се користат до датумот на нивната важност.

Тоа значи дека можат да се користат насекаде, пред сите институции, банки, за гласање итн.

Второ, возачките дозволи можат слободно да се користат во внатрешноста на Македонија, додека за во странство нивната важност е поврзана исто како и важноста на патните исправи, односно истите можат да се користат до 12.02.2024, доколку не се продолжи овој рок.

Трето, согласно Договорот од Преспа и Уставните измени, личните документи кои се користот во странство (патни исправи и возачки дозволи), важноста им е до 12 февруари 2024 година, поради што МНР треба да бара Грција да се сложи овој рок да се продолжи до денот на важноста на овие исправи или најкасно до 31.12.2024 година, поради технички причини и немањето кадровски потенцијал да се заменат  со  променетото име на државата до рокот дефиниран со Преспанскиот договор и Уставните промени.

Со патните исправи државјаните на Македонија кои се во странство слободно можат да патуваат и да  се вратат во Македонија.

Во оваа насока, Владата да се согласи Уставниот суд да да ја одложи примената на законските рокови за важноста на возачките дозволи и патните исправи, согласно иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ.

За овие гужви и малтретирање на граѓаните пред шалтерите на МВР мора да се најде решение, но и мора Владата и ресорните министри да понесат одговорност.

Демократски сојуз

______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: Демократски сојуз 

Остани поврзан